Дома Фудбал Лоши вести за Реал, нова тешка повреда за Куртоа

Лоши вести за Реал, нова тешка повреда за Куртоа

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, штотуку се врати на тренинзите со тимот, повторно заработи повреда која сигурно ќе значи крај на сезоната за него.

Имено, Куртоа на почетокот на сезоната заработи повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено, а сега се дознава дека се работи за повреда на менискусот на десната нога.

Доколку информацијата се покаже како точна, тоа би значело дека Куртоа дефинитивно ја завршил сезоната.

Куртоа во солзи го напуштил денешниот тренинг на Реал Мадрид, со оглед дека е неизвесно дали ќе успее да се опорави навреме и да се подготви за настап на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …