Дома Фудбал Италија Лоши вести за Мурињо: Против Лестер се повредил Микхтаријан

Лоши вести за Мурињо: Против Лестер се повредил Микхтаријан

Лоши вести пристигнуваат за Жозе Мурињо после првиот полуфинален натпревар помеѓу Рома и Лестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хенрик Микхтаријан се повредил и нема да игра во реваншот помеѓу овие две екипи, а освен тоа ќе пропушти и уште некој натпревар. Микхтаријан во натпреварот против Лестер беше заменет во 57. минута. Според информациите станува збор за истегнување на бутниот мускул и ќе биде во аут околу 15-20 дена.

Ова значи дека Микхтаријан сигурно нема да игра во утрешниот натпревар против Болоња и реваншот во Конференциската лига. Во Рома можат да се надеваат дека ќе го имаат на располагање ако евентуално стигнат до финалето во третото по ранг натпреварување и на последните натпревари во Серија А.

Повредата на Микхтаријан може да биде проблем за Мурињо затоа што станува збор за важен играч со солидна минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родри му се извини на Бернардо Силва по инцидентот на СП

Шпанскиот репрезентативец Родри јавно се извини на Бернардо Силва по победата на Шпанија н…