Дома Фудбал Репрезентации Лоши вести за Зидан: Дали ова значи дека нема да биде селектор на Франција?

Лоши вести за Зидан: Дали ова значи дека нема да биде селектор на Франција?

Долго време во јавноста се најавува дека Зинедин Зидан ќе ја преземе репрезентацијата на Франција по заминувањето на Дидие Дешам.

Пред почетокот на Мундијалот се појавија информации дека без разлика на исходот на Мундијалот Зидан ќе седне на селекторското столле бидејќи Дешам ќе си заминел.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму Франција наводно е причината што Зидан ги одбива понудите да се врати во клупскиот фудбал.

Сепак, актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает јавно искажа поддршка за Дешам.

„Кога репрезентацијата ја води човек како Дешам, воопшто не ги разгледувате другите опции. Не може да постои подобар селектор за Франција од Дешам. Ова го зборувам како претседател на федерацијата, не како пријател на Дешам“, изјави Ле Грает.

Очигледно ова е отворена понуда за Дешам да стави потпис на нова соработка, а тој својата одлука сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на настапот со Франција на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …