Дома Фудбал Лоши вести за Гвардиола: Повторно остана без својот омилен дефанзивец

Лоши вести за Гвардиола: Повторно остана без својот омилен дефанзивец

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Тоа го откри тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, после повредата која ја доби Лапорт во дуелот со Реал Мадрид.

„Ќе отсуствува околи еден месец. За жал тоа се случи откако веќе беше надвор од терените четири или пет месеци. Сепак, Лапорт е силен и сигурен сум дека ќе се справи со овој тежок момент“, изјави Гвардиола.

Добра вест за тимот е што Лерој Сане се враќа на терените. Гвардиола откри дека Германецот денес ќе игра со младинците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…