Францускиот напаѓач, Килјан Мбапе се здобил со повреда во натпреварот против Алавес, а денеска е потврдено и колку ќе паузира.
Тренерот Анчелоти беше оптимист по натпреварот, меѓутоа прегледите покажаа дека Мбапе ќе пропушти неколку важни натпревари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пред се, нема да биде во комбинација за дербито против Атлетико Мадрид во Ла Лига следниот викенд, потоа против Лил во Лигата на шампионите и со Виљареал повторно во шпанското првенство.
Негово враќање се очекува на средбата против Селта на 19 октомври. Повредата на Мбапе доаѓа во период кога постигна четири гола на последните четири натпревари.