Дома Фудбал Италија Лоша вест за Мурињо: Рома без еден од најважните фудбалери против Интер

Лоша вест за Мурињо: Рома без еден од најважните фудбалери против Интер

Рома се соочува со сериозни проблеми пред дербито против Интер затоа што Пауло Дибала отпадна од конкуренција за натпреварот на „Џузепе Меаца“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот се повреди за време на репрезентативната пауза, но тренерот Жозе Мурињо се надеваше дека Дибала ќе биде подготвен за дербито, меѓутоа тоа нема да се случи.

Мурињо го прифатил предлогот на докторите и донел одлука Аргентинецот да на настапи во дуелот, туку да одмора до мечот против Лече.

Ова значи дека Ромелу Лукаку ќе нема поддршка во нападот и останува да видиме како ќе одигра во натпреварот против неговиот поранешен клуб. Ќе потсетиме и Мурињо ќе нема право да биде на клупата на овој натпревар поради црвениот картон во минатото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот останува во Англија – ќе тренира друг тим од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, би можел многу брзо да се врати во Премиер лига…