Дома Останати Кошарка НБА Лилард го предводеше Портланд до победа, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер (ВИДЕО)

Лилард го предводеше Портланд до победа, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Кошаркарите на Портланд славеа против Њујорк Никси со 115:87.

Блејзерси немаа проблеми против екипата која оваа сезона има катастрофален скор од 4-20 и стигнаа до својата 10. побeда.

После првата четвртина Портланд водеше со 32:22, а во втората ја зголеми својата предност и на полувреме замина со 19 разлика во своја корист (60:41).

Во продолжение домаќините продолжија да го зголемуваат своето водство и на крај славеа со 115:87.

Домаќините ги предводеше Демијан Лилард со 31 поен, додека кај гостите Рендл беше најфикасен со 15 поени.

Шарлот на свој паркет беше подобар од Вашингтон со 114:107. Грахам ги предводеше домаќините до триумфот со 29 поени, додека Бертанс беше најдобар кај Визрадси со 32 поени.

Филаделфија предводена од Ембид и Харис кои постигнаа 22, односно 20 поени славеше кај Денвер со 97:92. Бартон кај гостите беше најефикасен со 26 поени, додека Јокиќ уфрли 15, но додаде уште 11 асистенции и седум скокови.

Мајми Хит во возбудлив натпревар после продолженија славеше против Атланта со 135:121. Три играчи на домаќините постигнаа точно 100 поени и го предводеа својот тим. Нун беше најефикасен со 36, Робинсон додаде 34, а Адебајо 30 поени. Кај Атланта најдобар беше Хунтер со 28 поени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тренерот кој испиша историја со Вардар денес пронајде нов ангажман

Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски денес беше промовиран во нов тренер н…