Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони: Ова е играчот на колото!

Лига на шампиони: Ова е играчот на колото!

Офанзивецот од редовите на Ливерпул доби најмногу гласови во изборот за најдобар играч во првото коло од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените“ на стартот од Лигата на шампионите ремизираа 2:2 на домашен терен против тимот на Севиља.

Шпанците поведоа рано уште во петата минута од средбата, стрелец на голот беше Бен Једер, изедначи Фирмино петнаесетина минути подоцна, а до крајот на првиот дел Мохамед Салах донесе пресврт за својот тим. Сепак, навивачите на Ливерпул ги разочара Хоакин Кореа со својот погодок во 72 минута од средбата за конечни 2:2.

Иако во ова коло неколку фудбалери (Меси, Роналдо, Кавани, Стоунс, Кејн) постигнаа по два погодоци, за играч на колото беше избран Мохамед Салах. Тој доби 51% од гласовите, на второто место беше Лионел Меси со 20%, а третото место му припадна на Кристиано Роналдо со 12% од гласовите.

Потоа следуваа Хамес Родригез со 7%, Нејмар со 4%, Лукаку со 3%, Кејн со 2% и Тајсон од Шахтјор со 1%.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…