Дома Фудбал Останато Лига Европа ждреб: Едно шпанско дерби и супер интересна англиско/италијанска пресметка

Лига Европа ждреб: Едно шпанско дерби и супер интересна англиско/италијанска пресметка

Веднаш после ждрепката за Лигата на шампионите денес во Нион се извлекоа и паровите за второто по квалитет натпреварување во Еропа, Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И Лигата на Европа иако привлекува помалку внимание од Лигата на шампионите има што да понуди. Така во четвртфиналето од ова натпреварување најмногу внимание привлекуваат двомечите на Наполи – Арсенал и шпанското дерби Виљареал – Валенсија.

На хартија гледајќи ги имињата на противниците најмногу среќа имаше тимот на Челзи кој за противник го доби најголемото изненадување во ова натпреварување оваа фаза Славија Прага.

ПАРОВИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

Наполи-Арсенал

Виљареал-Валенсија

Бенфика-Ајнтрахт Франфурт

Славија Прага-Челси

Како и во Лигата на шампионите и тука беа извлечени потенцијалните парови за полуфиналето.

ПАРОВИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО

Наполи/Арсенал-Вилјареал/Валенсија

Бенфика/Ајнтрахт Франфурт-Славија Прага/Челси

Термините за четвртфиналните средби се 11 и 18 април, полуфиналињата се на програмата на 2 и 9 мај, додека мечот за титула во Баку е закажан за 29 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо „лајкна“ објава во која се критикуваат ФИФА и УЕФА

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не заради наст…