Дома Фудбал Ливерпул уште посилен во продолжение од сезоната

Ливерпул уште посилен во продолжение од сезоната

Ливерпул и натаму е непобедлив, а во продолжение на сезоната на неговите противниците ќе им биде уште потешко.

Дејли Мејл пишува дека Алисон Бекер е спремен повторно да застане меѓу стативите после повредата во првото коло против Норвич.

Одличниот Бразилец го повред листот, беше предвидено да паузира осум недели, а Црвените не брзаа со неговото враќање меѓу стативите.

Клоп размислуваше најдобриот голман за минатата сезона по избор на УЕФА да го стави на голот против Лестер, но не сакаше да ризикува.

Алисон ја искористи репрезентативната пауза максимално да се опорави и според извештаите од Островот тој ќе брани во неделата против Манчестер Јунајтед.

Повредениот Алисон со успех го заменуваше Адриан, но враќањето на бразилскиот голман без дилема ќе донесе дополнителна сигурност во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…