Дома Топ вести Ливерпул става две големи ѕвезди на продажба

Ливерпул става две големи ѕвезди на продажба


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Раководството на Ливерпул е спремно на лето да ја стави на трансфер листа првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах, како и дефанзивецот Жоел Матип.

Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони.

Поради тоа се спремаат големи промени на „Енфилд“ на лето, а „црвените“ се спремни да слушнат понуди за Салах.

Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач и за неговата слобода бараат 80 милиони фунти.

Со неговата продажба „црвените“ сакаат да го финансираат трансферот на Џуд Белингам, чија цена изнесува околу 100 милиони евра.

На трансфер листа ќе биде ставен и дефанзивецот Жоел Матип, кој изминатите години играше важна улога во тимот на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Како се создаде новиот македонски дрес – дизајнерот Мартин од „Некст Tајм“ ги открива деталите!

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Новите дрес…