Дома Фудбал Англија Ливерпул сигурен против Кристал Палас, кикс на Арсенал 🎥

Ливерпул сигурен против Кристал Палас, кикс на Арсенал 🎥

Денес беа одиграни три натпревари во 23. коло од англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул продолжи да го „брка“ Манчестер Сити и го совлада Кристал Палас со 1:3. „Црвените“ поведоа со голот на Ван Дајк во осмата минута, а после половина час игра Чембрлејн зголеми на 0:2. Едуард во второто полувреме намали на 1:2 и ја врати надежта на домаќините. Сепак, Ливерпул не дозволи изиенадување и Фабињо во финишот ги постави конечните 3:1.

Кикс на домашен терен направи Арсенал кој ремизираше без голови против фенерџијата Барнли.

Брајтон продолжи со одличните игри сезонава и ремизираше на гости кај Лестер (1:1). За Брајтон ова беше дури 12-ти натпревар без победник оваа сезона.

Последниот натпревар од денешната програма од 23. коло го играат Челзи и Тотенхем од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …