Дома Фудбал Ливерпул се лути на ФИФА по саботното финале: „Тоа е смешно“

Ливерпул се лути на ФИФА по саботното финале: „Тоа е смешно“

Играчите и стручниот штаб на Ливерпул сакаа да ја прослават титулата заедно со 1.500 навивачи кои беа да го бодрат клубот во Катар, но наидоа на неочекувана блокада.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во саботата, Ливерпул го освои Светското клупско првенство во Доха (Катар), откако во продолжението го совлада јужноамериканскиот шампион Фламенго.

После триумфот, Црвените сакаа овој трофеј да го прослават заедно со 1.500 навивачи кои беа на трибините, но во намерата ги спречија претставниците на организаторите, ФИФА.

Играчите тргнаа на заедничко славје со навивачите, но лицата задолжени за безбедност на стадионот ги вратија на теренот.

На крајот, Ливерпул ваквото однесување го нарече „смешно“, а клубот беше разочаран што не успеа да го прослави трофејот со своите најверни навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се соочува со Челси во битка за дефанзивецот на Барселона

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече д…