Дома Топ вести Ливерпул почна преговори со Коман

Ливерпул почна преговори со Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена двојно поголема плата, а моментално заработува 8 милиони евра по сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


24-годишниот Французин не е задоволен од понудата на Баварците и големи се шансите да го напушти клубот.

„Билд“ пренесува дека таткото на Коман веќе го информирал агентот Пини Захави да работи на трансфер во Премиер лигата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул, бидејќи Коман е голема желба на тренерот Јирген Клоп, па веќе започнале преговори со неговиот агент.

Баерн е спремен да го продаде ова лето, но за неговата слобода бара 90 милиони евра, сума која Ливерпул во моментов не е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…