Дома Фудбал Ливерпул нема да гостува во Мадрид

Ливерпул нема да гостува во Мадрид

Голема е веројатноста првиот меч помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони да се одигра на неутрален терен надвор од Шпанија.

Мечот е треба да се одигра на 6/7 април, но поради пандемијата во моментов забранети е Британци да влегуваат во Шпанија.

Забраната важи до 30 март, но најверојатно ќе биде продолжена, што значи дека „кралевите“ ќе мора да бараат стадион надвор од државата.

Многу од осминафиналните дуели исто така се играа на неутрален терен поради пандемијата. Така на пример двата меча помеѓу Ливерпул и Лајпциг се играа во Будимпешта.

Евентуално играње во трета дражава додатно ќе му отежне на Реал Мадрид, бидејќи помеѓу двата меча играат со Барселона во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…