Дома Топ вести Ливерпул на чекор до големо засилување

Ливерпул на чекор до големо засилување

Ливерпул е во завршна фаза за комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.

Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 40 милиони евра.

Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.

Конате игра фантастилна сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па „црвените“ сакаат да ја победат конкуренцијата.

За Конате интерес покажуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед и Барселона, па Ливерпул сака да го договори трансферот пред да се отвори трансфер прозорецот.

„Црвените“ ги договараат последните детали со неговиот агент и ќе го информираат Лајпциг дека ќе ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…