Ливерпул ќе се обиде да се раздели со пет фудбалери кои не се во плановите на Јирген Клоп во следните 48 часа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако трансфер пазарот се затвори, англиските клубови се уште можат да прават трансфери помеѓу себе до 17 часот во петок. Меѓутоа, играчите можат да се преселат само во клубови од други дивизии.
Тоа значи дека Ливерпул може да продава играчи во Чемпионшип и подолните лиги. Најпопуларното име е Хари Вилсон, кој се поврзуваше со неколку клубови од Премиер лигата, а сега може да заврши во Свонси.
Бен Вудборн, кој минатата сезона беше на позајмица во Оксфорд, ќе се пресели во Чарлтон. Нет Филипс, Лијам Милер и Харби Кејн исто така бараат нови клубови и ќе завршат во некој клуб од Чемпионшип.