Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул играше и се држеше, но кога Меси ќе блесне ништо не се може – Барса има голема предност! (ВИДЕО)

Ливерпул играше и се држеше, но кога Меси ќе блесне ништо не се може – Барса има голема предност! (ВИДЕО)

Вечерва на „Ноу Камп“ беше одигран првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул кој заврши со победа на Каталонците од 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона до преднсот стигна во 26-тата минута. Жорди Алба одлично го пронајде Луис Суарез кој ја погоди мрежата на Ливерпул за 1:0.

Иако видовме по неколку прилики и на двете страни до полувремето резултатот не се промени.

Ливерпул во второто полувреме беше подобар противник и напаѓаше, создаваше прилики, но не успеваше да го пронајде патот до мрежата до голот од Алисон.

Промашувањата на Ливерпул беа казнети во 75-тата минута кога Суарез погоди пречка, а топката стигна до Меси кој скоро и да влезе со топка во голот за 2:0. За поубедлива предност пред реваншот се погрижи повторно Меси со маестрален слободен удар во 82-та минута за конечни 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тотенхем не се шегува, Бразилецот кажа “ДА”, вкупната сметка скоро 350.000.000!

Фудбалскиот клуб Тотенхем ова лето реши да се врати на патиштата на старата слава, а Робер…