Дома Фудбал Ливерпул денес потпиша со новиот тренер

Ливерпул денес потпиша со новиот тренер

Англискиот гигант Ливерпул веќе се збогува со Јирген Клоп, а медиумите тврдат дека денес ставиле потпис со новиот тренер.

Имено, Арне Слот официјално го потпиша својот договор со „црвените“. Според медиумите на Островот, сите документи се веќе готови и парафирани и многу наскоро веста ќе биде официјално објавена.

45-годишниот стратег преку Камбур и АЗ Алкмар стигна до Феенорд во 2021 година и  минатата сезона ја освои титулата во Холандија.

Ливерпул уште минатиот месец постигна договор со Слот, кој наскоро официјално ќе биде претставен на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите ја раздвижија Серија А: По голови пред сите во европската елита

Со 53 гола од фудбалери до 21 година, италијанското првенство води меѓу петте најсилни евр…