Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул – Баерн: Дали „црвените“ ќе „изгорат“ во улогата на фаворит!?

Ливерпул – Баерн: Дали „црвените“ ќе „изгорат“ во улогата на фаворит!?

0

Баерн Минхен има еден куп рекорди во Лигата на Шампионите во изминатата деценија. Но тие ја играат една од послабите сезони. Од друга страна Ливерпул е одличен, полека но сигурно ја надмина кризата и сега е фаворит на овој меч.

Битките на крилните позиции можат да бидат клучни

Голема е веројатноста овој меч да биде одлучен според перфомансите на крилата во двете екипи. Баерн Минхен има неверојатно широка комбинација на крилните позиции. Тука се искусните Робен и Рибери, но веројатно ниту еден од двајцата нема да биде стартер. Робен е повреден и има мали шанси за настап, додека Рибери отпатува доцна во Англија по раѓањето на своето дете. Но Томас Милер е суспендиран, а Џејмс Родригез игра многу повлечено во последно време. Затоа Баерн најверојатно ќе започне со Коман и Гнабри на страничните позиции, а Ковач ќе сака да ја искористи нивната брзина и агилност.

Сепак, Клоп го одмори Трент Александар-Арнолд кој сега со свежи сили ќе им се спротистави на нив од едната, а пак Енди Робертсон од другата страна.

Овие двајца, исто така ќе бидат од големо значење во смисла на нападот на Ливерпул. Баерн најверојатно ќе се соочи со длабока и тесна формација, оставајќи простор на двете страни. Александар-Арнолд и Робертсон се покажаа одлични во префрлањето на игра од еден на друг со долги дијагонални додавања и тоа би можело да биде клучно во офанзивата на домаќинот.

Клоп ќе игра со 4-3-3 формација

Јирген Клоп најверојатно ќе го искористи својот 4-3-3 систем, наместо онаа напаѓачка 4-2-3-1 формација. Тоа значи дека Мохамед Салах веројатно се враќа на десната страна, со Садио Мане од лево. Тие двајца ќе се борат со Давид Алаба и Рафиња, која дефинитивно ќе има проблеми со крилата на Ливерпул. Салах, најверојатно ќе втрчува многу често внатре во шеснаесеттикот, и може да биде сериозна закана за Матс Хаммелс, кој е многу поспор фудбалер.

Ливерпул десеткуван во одбраната против Левандовски

Главната закана кон голот на домаќинот ќе дојде од Роберт Левандовски кој во групната фаза постигна сензационални шест гола и ќе го предводи нападот и на овој меч. Со Вирџил ван Дијк кој е суспендиран по црвениот картон против Наполи, Џо Гомез кој се уште е повреден, а Дејан Ловрен чиј настап е под знак прашалник, се чини дека Фабињо ќе се врати во дефанзивата и ќе игра заедно со Џоел Матип.

Додека Фабињо на одредени натпревари играше таму и изгледаше доволно комотно, сега против еден од најдобрите напаѓачи во Европа ќе има тешка задача. Затоа Ливерпул ќе се обиде да ја задржи дефанзивна линија што подалеку од голот на Алисон.

Кој ќе ја добие средината

Во средината на теренот, Клоп ќе игра со тројца играчи и ќе се надева дека ќе ја наметне неговата препознатлива игра.  Хендерсон треба да ја одигра клучната улогата, со Вијналдум десно и Кеита лево. Кеита е доволно брз за да пресекува топки, а пак Вијналдум во вистински момент знае да се отвори во офанзивата. Но тука опција секако е и Џејмс Милнер, но со него тимот на Клоп ќе изгледа многу дефанзивно.

Тие ќе играат против триото на Баерн веројатно составено од Тиаго Алкантара, мобилниот Џошуа Кимих од десно и Леон Горецка лево. Горецка е во добра гол форма постигнувајќи четири голови во последните пет натпревари во Бундеслигата.

Роберто Фирмино треба да го предводи нападот на Ливерпул, против Хамелс и Суле, иако тој во понеделникот го пропушти тренингот поради вирус. Ако започне, тој ќе игра како лажна деветка, ќе го повлече Хамелс и ќе овозможува на Салах да втрчува во празно. Но, тоа е само теорија.

Проблем за Баерн е и Мануел Ноер. Тој започна во победата од 2:3 над Аугсбург и покрај неодамнешните проблеми со повредите. Меѓутоа, тој очигледно е во лоша форма.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо се пофали: Шампион во Англија, Шпанија и Италија…

Со натпреварите кои се играат во сабота и недела завршува уште една сезона во Серија А. Во…