Дома Фудбал Останато ЛЕ: „Петарда“ на Звезда, Мурињо шокиран, Милан сигурен

ЛЕ: „Петарда“ на Звезда, Мурињо шокиран, Милан сигурен

Откако во вторникот и вчера уживавме во возбудувањата од Лигата на шампионите денес на програмата се натпреварите од Лигата на Европа.

Милан играше против Спарта Прага и без поголеми проблеми ги освои трите бода.

Брахим Диаз го доведе Милан во водство 24. минута после асистенцијата од Ибрахимовиќ. Само десетина минути подоцна Милан имаше голема можност и за 2:0, но Ибрахимовиќ не реализираше пенал. Во вториот дел Леао и Далот ги поставија конечните 3:0.

Црвена Звезда го прегази Либерец со 5:1. Два гола за Звезда постигна Ел Фардоу Бен во првите 45 минути. Второто полувреме погодуваа Гајиќ, Катаи и Фалчинели. За Либерец единствениот гол го постигна Матошек.

Најголемото изненадување го предупреди Антверп кој го совлада Тотенхем со 1:0. Голот на одлука го постигна Рафаелов во 30. Минута.

Лига Европа 18:55

Милан – Спарта 3:0

АЕК – Лестер 1:2

Антверп – Тотенхем 1:0

Звезда – Либерец 5:1

ЦСКА – Динамо 0:0

Фејенор – Волфбергер 1:4

Гент – Хофенхајм 0:3

ЛАСК – Лудогорец 4:3

Лил – Селтик 2:2

Карабах – Виљареал 1:2

Сиваспор – Макаби Тел Авив 1:2

Зорја – Брага 0:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…