Дома Топ вести ЛЕ: Нула на Јунајтед, Рома не го победи дебитантот

ЛЕ: Нула на Јунајтед, Рома не го победи дебитантот

Манчестер Јунајтед има големи проблеми со повредите, па Солскјер вечерва против АЗ Алкмар одлучи да одмори некои првотимци.

Јунајтед на стадионот во Ден Хаг излезе во „шарен“ состав. Солскјер шанса даде на неколку млади играчи и во таков состав не успеаа многу да направат.

АЗ Алкмар играше убав фудбал и имаше свои шанси, меѓутоа не успеа да постигне гол, па натпреварот се заврши без голови 0:0.

Треба да се спомене дека АЗ Алкмар постигна гол во 11-тата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Волфсбергер после првото коло во кое ја декласираше Борусија Менхенгладбах со 0:4 денес прирерди уште едно изненадување одигрувајќи 1:1 со Рома. Овој тим во првите две кола е најпријатното изненадување, дебитантот во ЛЕ е лидер во групата со Рома, Менхенгладбах и Башакешир.

Фејенорд во еден од поинтересните натпревари го совлада Порто со 2:0.

Останати резултати.

Астана – Партизан 1:2

Башакешир – Менхенглафбах 1:1

Бешикташ – Вулвс 0:1

ЦСКА – Еспањол 0:2

Френцварош – Лудогорец 0:3

Олександрија – Гент 1:1

Сент Ерјен – Волфсбург 1:1

Јанг Бојс – Ренџерс 2:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар уплати 21 рата, до крајот на должничкиот репрограм остануваат уште 15

Миленко Неделковски најави целосно расчистување на наследените обврски по преостанатите 15…