Вечерва во терминот од 18:55 часот се играа натпревари од третото коло во Лигата на Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголемото изненадувањ го направи шпански Бетис кој славеше на гостински терен против Милан со 1:2.
Бетис одигра одличен натпревар на „Сан Сиро“ и го совлада фаворитот. Шпанците до водство стигнаа со голот на Санабриа во 30-тата минута после асистенцијата од Ло Селсо.
Сами три минути подоцна одново се беше затресена мрежата на домаќините, но судиите реагираа и го поништија голот на Шпанците и веројатно погрешија.
Бетис со добратаи игра продолжи и во второто полувреме.
Во 54-тата минута асистентот од првиот погодок, Ло Селсо постигна прекрасен гол за водство 0:2.
За конечни 1:2 погоди Кутроне на седум минути пред истекот на регуларните 90.
Во финишот од натпреварот кај Милан исклучување заработи Кастиљехо.
Арсенал на гостински терен го совлада Спортинг на Стефан Ристовски со 0:1. Адеми и Динамо Загреба славеа против Спартак Трнава (1:2). Тричковски со АЕК одигра реми 1:1 на домашен терен против АЕК Ларанка. Фенербахче на Елиф Елмас одигра 2:2 против Андерлехт.
Останати резултати:
Дуделаж – Олимпијакос 0:2
Копенхаген – Славиа Прага 0:1
Карабах – Ворскла 0:1
Лајпциг 2:0
Салцбург – Розенборг 3:0
Зенит – Бордо 2:1
Цирих – Леверкузен 3:2