Дома Останати Кошарка НБА Лејкерс по скоро три години победија во градското дерби, дабл-дабл на Јокиќ во првиот пораз на Денвер

Лејкерс по скоро три години победија во градското дерби, дабл-дабл на Јокиќ во првиот пораз на Денвер

По скоро три години, Лос Анџелес Лејкерс конечно славеа победа над градскиот ривал.

Леброн и друштвото славеа против Клиперс со 130:125 по продолжение и ова за нив беше прва победа во нивните пресметки по 14 декември 2020 година. Лејкерс водеа со девет разлика на нешто повеќе од две минути пред крајот, меѓутоа противникот се врати во завршницата и се избори за продолжение.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Сепак, Лејкерс беа подобар тим во продолжението и не дозволија пресврт, па дополнителните пет минути ги добија со пет разлика. Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 35 поени, 12 скока и седум асистенции.

За издвојување од вечерта е и првиот пораз на шампионот Деневер. Тимот на Јокиќ на гостински терен кај Минесота беше совладан со 110:89. Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 25 поени, 10 скокови и три асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Портланд 101-110

Торонто – Милвоки 130-111

Атланта – Вашингтон 130-121

Бостон – Индијана 155-104

Мајами – Бруклин 105-109

Њујорк – Кливленд 89-95

Оклахома – Њу Орлеанс 106-110

Хјустон – Шарлот 128-119

Минесота – Денвер 110-89

Далас – Чикаго 114-105

Јута – Мемфис 133-109

Голден Стејт – Сакраменто 102-101

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 130-125

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се …