Дома Фудбал Лестер се врати во Премиер лигата

Лестер се врати во Премиер лигата

Поранешниот англиски шампион Лестер Сити повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Лисиците“ успеаја да изборат промоција во англиската елитна фудбалска лига по поразот на Лидс од КПР во петокот.

Тоа значи дека Лестер дефинитивно ќе заврши на едно од првите две места во Чемпионшип затоа што по 44 одиграни кола има 94 бода, а до крајот има уште два натпревари.

Лидс со убедливиот пораз на гости кај КПР (0:4) не успеа уште сега да го направи тоа, па ќе чека во наредните кола. Во врат му дише Ипсвич кој има бод помалку и два меча помалку.

Да потсетиме екипите кои ќе се пласираат од третото до шестото место ќе играат плеј-оф за едно место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жозе Мурињо и соопшти на големата ѕвезда дека не му е потребен во Реал!

Иако Едуардо Камавинга не планира да замине од Реал, фактот е дека Жозе Мурињо не смета на…