Дома Фудбал Останато Лео Меси позитивен на Ковид 19

Лео Меси позитивен на Ковид 19

Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на ПСЖ кои имаа позитивен тест на Ковид 19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои веднаш се ставени во карантин.

Утре Пари Сент Жермен ќе се сретне со третолигашот ФК Ван во натпревар од турнирот во Купот на Франција, а четворицата најверојатно ќе го пропуштат и дербито со Лион.

„Меси е во постојан контакт со нашите медицински лица и ќе отпатува за Франција во првиот момент кога ќе добие негативен тест за Ковид 19. Не знаеме повеќе за него во овој момент и не знаеме кога ќе го имаме на располагање“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најпознатата навивачка на Хрватска ги возбуди сите на натпреварот со Панама (Фото)

Фудбалската репрезентација на Хрватска игра натпревар од второто коло на Светското првенст…