Дома Фудбал Лео Меси повторно не играше, Интер Мајами повторно поразен

Лео Меси повторно не играше, Интер Мајами повторно поразен

Hајдобриот светски фудбалер Лионел Меси го пропушти четвртиот натпревар по ред, а Интер Мајами и трет меч во низа не успеа да победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На домашен терен, тимот од Флорида загуби од мексиканскиот Монтереј со 1-2 во првиот четвртфинален натпревар од КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Реваншот е за седум дена, а Интер Мајами го очекува пеколно тешка работа да се избори за пресврт пред над 50 илјади домашни фанови, особено ако во тимот повторно го нема Меси.

Американскиот претставник добро го почна синоќешниот меч, поведе преку Авила во 19. минута, но се се смени во вториот дел.

Клучен момент беше исклучувањето на Давид Руиз во 65. минута поради два жолти картони, четири минути подоцна Меса израмни, а во финишот од  основниот дел од мечот, Родригез го комплетира пресвртот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …