Дома Фудбал Англија Лекарите од Премиер лигата предупредуваат: Ќе има лавина на повреди!

Лекарите од Премиер лигата предупредуваат: Ќе има лавина на повреди!

Медицинските штабови на клубовите од Премиер лигата ги предупредуваат дека може сериозно да се ризикува со здравјето на фудбалерите, ако се намалат роковите за да се заврши сезоната.

Во моментов Премиер лигата е стопирана од 30-ти април, а се очекува и додатно да биде пролонгиран нејзиниот почеток.

Некои од клубовите сакаат календарот да се изработи така што сезоната ќе заврши до 30-ти јуни, за да се избегнат проблемите со фудбалерите на кои им истекува договорот.

Тоа значи дека клубовите треба да играат по три пати неделно, а тоа сигурно ќе се одрази на здравјето на фудбалерите, па лекарите предупредуваат дека ќе има лавина на мускулни повреди.

Ситуацијата станува посериозна бидејќи многу од фудбалерите нема да тренираат ефективно четири-пет недели, пред да започне сезоната.

Клубовите од Премиер лигата ќе имаат средба на 3-ти април на која ќе се разгледуваат мерките и варијантните за продолжување на сезоната.


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Да знаат луѓето колку пати сум го видел Руни како пие или Џердард како на шанк игра без маица“…

Познато е дека голем дел од фудбалерите, посебно Англичаните сакаат добро да се опуштат по…