Дома Фудбал Англија Легендата се враќа таму каде што припаѓа!

Легендата се враќа таму каде што припаѓа!

Раководството на Ливерпул и легендата на тимот Стивен Џерард почнаа преговори за евентуалното враќање на фудбалерот на „Енфилд“, пренесуваат англиските медиуми.

36-годишниот Англичанец потврди дека ќе го напушти Лос Анџелес Галакси, па веќе почнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Денес сепак се појавија информации дека Џерард започнал преговори со Ливерпул за враќањето во клубот, но не како фудбалер, туку како тренер. Поточно „црвените“ му нудат да биде тренер во Академијата на Ливерпул.

Џерард веќе размислува за следната фаза од својата кариера, па најверојатно ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи истакна дека не сака да добие некоја фиктивна функција во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти го договори Арнолд, а сега го носи и еден од најдобрите дефанзивци во светот

Реал Мадрид очигледно ќе влезе во следната сезона со неколку измени во составот, при што н…