Дома Фудбал Германија Легендата на Реал Мадрид фаворит за наследник на Алонсо во Леверкузен

Легендата на Реал Мадрид фаворит за наследник на Алонсо во Леверкузен

Шпанскиот стратег, Чаби Алонсо има неверојатна сезона со тимот на Баер Леверкузен и со овој тим е на чекор од титулата во германската Бундеслига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувано, по една ваква сезона голем број екипи се интересираат за потписот на Алонсо, а досега како најсериозни се споменуваа Ливерпул кој останува без Јирген Клоп и Барселона од каде што си заминува Чави.

Сега, медиумите пишуваат и за фаворитот кога во прашање е наследникот на Чави во Леверкузен. Наводно, тоа може да биде поранешниот славен напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес.

Раул во овој момент го води „Б“ тимот на Реал Мадрид и се подготвува за својот прв посериозен предизвик како тренер. Во прилог на Раул оди и тоа што го знае германскиот јазик од периодот кога две сезони помина во Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…