Дома Фудбал Легендата на Ливерпул се фотографираше со македонско знаме 📸

Легендата на Ливерпул се фотографираше со македонско знаме 📸

На легендата на Ливерпул, Дирк Кајт му оди одлично во белгиската втора лига и е на добар пат да го одведе тимот на Бершот во најсилната конкуренција во Белгија.

Бершот е лидер во првенството со 53 бода, пет повеќе од второпласираниот Ломел.

Како што е познато, дел од Бершот е и поранешниот македонски голман, Томе Пачовски кој воклубот е тренер на голманите. Токму во чест на Пачовски Кајт при прославата на последната победа се фотографираше и со македонското знаме.

Договорот на Кајт со Бершот е до крајот на сезоната, но многу веројатно тој ќе биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов се враќа со оптимизам, Македонија бара пресврт по четири порази

Дарко Чурлинов верува дека клупската минутажа на репрезентативците ќе помогне против Шкотс…