Дома Трансфер зона Легендарниот фудбалер на Реал седнува на клупата на клуб од Ла Лига?

Легендарниот фудбалер на Реал седнува на клупата на клуб од Ла Лига?

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути се наоѓа пред првиот самостоен тренерски предизвик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гути после богатата играчка кариера почна да работи како тренер во младинските селекции на Реал, но сега би можел да се проба и во сениорскиот фудбал, бидејќи е кандидат за клупата на Леганес.

Леганес исто така е клуб од Мадрид, меѓутоа амбициите се сведуваат исклучиво на опстанокот во елитниот ранг, што во овој момент за Гути делува како добра средина за старт на сериозна кариера.

Шпанецот на клупата на Леганес би требало да го наследи Гаритан кој клубот го напушти после пет години.

Да потсетиме, Гути за првиот тим на Реал настапуваше од 1996. до 2010. година. Една година помина и во Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ФИФА ѝ нареди на репрезентација да го промени дресот пред почетокот на Светското првенство!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ѝ нареди на селекцијата на Хаити промена на дресот п…