Легендарниот италијански стратег, Марчело Липи ја напушти селекторската функција во Кина, после елиминацијата во четвртфиналето од Азискиот куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентацијата на Кина беше поразена од Иран со 3:0, што значеше и крај на соработката помеѓу Липи и Кинескиот фудбалски сојуз.
„Овој пораз значеше и дека мојот договор со Кине е завршен. Ми беше чест да го предводам тимот на вака важна држава како што е Кина. Дадов се од себе во овој период за тимот да напредува и да биде што е можно подобар“, изјави Липи.
Марчело Липи во 2006 година стана светски шампион со Италија, а од 2016 година е на кормилото на кинеската репрезентација.