Дома Останати Кошарка Легендарниот Кампацо тренираше во „Јане Сандански“ 🎥

Легендарниот Кампацо тренираше во „Јане Сандански“ 🎥


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Попладнево Црвена Звезда ќе му гостува на МЗТ Скопје во „Јане Сандански“, каде што член е легендарниот Факундо Кампацо.

Кампацо беше дел од вчерашниот тренинг на црвено-белите во Аеродром и зборуваше пред камерите на регионалната телевизија „Спортклуб“. Кампацо се уште нема право за настап за Звезда и веројатно нема да има до март.

„Тажен сум бидејќи сакам да играм, а не ми дозволуваат. Не дојдов во Ц. Звезда да игра само во АБА, туку пред сѐ на евролигашките натпревари, но како што излгледа тоа нема да се случи пред март.

Стискам палци и се надевам дека ќе се средат работите. Се надема дека нешто ќе се промени, но тоа не е во моите раце, тоа е нешто надвор од моја контрола.

Затоа енергијата ќе ја насочам да тренирам најдобро и да бидам добар соиграч од клупата. Но, навистина се надевам дека нешто ќе се промени бидејќи ептен ми се игра во Евролигата“, изјави Кампацо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Преку Инстаграм побара клубот да го пушти во Арсенал

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Брајтон веќе одби две понуди од Арсенал за М…