Дома Фудбал Италија Легендарниот италијански напаѓач објави крај на кариерата

Легендарниот италијански напаѓач објави крај на кариерата

Италијанскиот ветеран Џампаоло Пацини преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од професионалното играње фудбал на 36 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Последен клуб на популарниот „Пацогол“ беше Верона, но договорот со овој клуб му истече минатото лето и од тогаш е слободен агент.

Чекаше Пацини добра понуда, но на крајот одлучи да стави крај на кариерата. На италијанската сцена се појави во дресот на Аталанта, а најдобриот фудбал го играше во Фиорнтина и Сампдорија. Потоа следуваше трансфер во Интер каде што не блескаше, заигра и за градскиот ривал на „нероаѕурите“ Милан.

Во Верона се задржа пет години, а една сезона беше позајмен во шпански Леванте. Настапуваше и за репрезентацијата на Италија, постигна четири голови на 25 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…