Италијанската фудбалска легенда Алесандро Дел Пјеро би можел да биде следното големо европско име кое ќе го засили таборот на саудискиот Ал Наср.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дел Пјеро е една од најголемите легенди на Јувентус, долго време ја носеше капитенската лента на овој клуб, а кариерата ја заврши во 2015 година и од тогаш немаше ангажман во ниту една функција во фудбалот.
Често се појавуваше како стручен коментатор на италијанскиот „Скај“, но иако имаше понуди не се одлучи да работи во фудбалот.
Сега се пишува дека може да биде нов спортски директор на Ал Наср. Наводно, Гуидо Фиенга кој неодамна Ал Наср го назначи за извршен директор сака Дел Пјеро да ја извршува оваа функција.