Дома Фудбал Лев: Мораме да го добиеме овој натпревар, но Македонија знае да биде незгодна

Лев: Мораме да го добиеме овој натпревар, но Македонија знае да биде незгодна

Македонија утре ќе игра натпревар против Германија во рамките од квалификациите за Светското првенство

Германците без сомневање се фаворити, а ние се надеваме на изненадување во првиот официјален натпревар против четирикратниот светски шампион.

„Мораме да го добиеме овој натпревар, но не зимаме ништо „здраво за готово“. Македонија знае да биде незгоден ривал. Мораме да покажеме сила и да победиме во овој дуел од квалификациите, но сигурно дека Македонија нема да излезе со бело знаме“, изјави Лев.

Иако се најавуваа промени, Лев порача дека составот ќе биде многу сличен со оној од Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…