Се уште останува непознато каде ќе игра Хари Кејн во сезоната 2023/24. Тој одбива да го продолжи договорот со Тотенхем, па клубот реши да го продаде летово.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За одличниот англиски напаѓач веќе извесно време постои голем интерес од европските гиганти, а во моментов најмногу се заинтересирани Баерн и ПСЖ.
Според последните информации, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви ја прифатил понудата од Париз, но Кејн летово одбил да замине во Франција.
ПСЖ е подготвен да jа плати бараната сума за Кејн, кој би бил замена за Килијан Мбапе, но очигледно Англичанецот е спремен само да замине во Баерн.
Денеска двајца претставници на Баерн, чии претходни две понуди за играчот беа одбиени, доаѓаат во Лондон на преговори со Леви.