Дома Фудбал Германија Леверкузен почна да победува, па го смени тренерот!

Леверкузен почна да победува, па го смени тренерот!

Раководството на Баер Леверкузен одлучи да му врачи отказ на тренерот Хајко Херлих, и тоа откако тимот влезе во добра серија.

Имено, „фармацевтите“ победија на четири од последните пет меча, но тоа не беше доволно за Херлих да си ја зачува работата.

Причината за ваквата одлука се, наводно, тактичките недостатоци, проблеми во соблекувалната и мал број на фудбалери од академијата на клубот префрлени во првиот тим.

Во пролетниот дел од Бундеслигата, тимот ќе биде воден од поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ајакс, Петер Бош, кој својата официјализација ќе ја има на 4 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пјаниќ открива како Алегри го измамил Роналдо за слободен удар

Миралем Пјаниќ открива како Масимилијано Алегри го измамил Кристијано Роналдо за да изведе…