Дома Топ вести Левандовски претставен пред 60.000 навивачи на „Камп Ноу“ 🎥

Левандовски претставен пред 60.000 навивачи на „Камп Ноу“ 🎥

Новата ѕвезда на Барселона, Роберт Левандовски денес беше претставен на „Камп Ноу“ пред скоро 60.000 фанови, точно на пладне.

Левандовски излезе на терен со дрес со број 9 заедно со претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Левандовски ги поздрави фановите и не можеше да ја сокрие радоста што поради него дојдоа во толку голем број.

„Неверојатно е да видам толку многу фанови на стадионот. Ова е специјален ден за мене. Сигурен сум дека секој меч на Камп Ноу ќе биде магичен. Многу сум среќен што сум дел од Барселона. Ви благодарам многу“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…