Тоа што се шпекулираше подолг период вчера беше и официјално потврдено од страна на Роберт Левандовски. Полскиот голгетер истакна дека сака да го напушти Баерн Минхен во претстојниот преоден рок иако има уште една година од договорот.
Левандовски после натпреварот против Волфсбург кој заврши без победник (2:2) емотивно и со солзи се поклони пред навивачите на Баерн кои беа на гостувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скоро сигурно е дека ова беше мој последен натпревар за Баерн. Не можам да кажам 100% сигурно, но е многу веројатно. Мораме да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Разговарав со спортскиот директор и му кажав дека нема да го продолжам договорот. Знам дека имам уште една година, но ќе видиме што ќе се случува“, изјави Левандовски кој вкупно сезонава стигна до бројката од 50 голови.
Во претходниот период Левандовски најмногу се поврзуваше со трансфер во Барселона.