Дома Фудбал Останато Левандовски избра четири омилени играчи, голманската позиција е големо изненадување

Левандовски избра четири омилени играчи, голманската позиција е големо изненадување

Роберт Левандовски го напушти Баерн после осум години и премина во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатиот викенд тој дебитираше во ремито против Рајо Ваљекано 0:0. Сега Барселона објави видео во кое полскиот напаѓач ги избира најомилените играчи според позициите.

Најизненадувачка е голманската позиција каде што Левандовски го избра Французинот Фабијан Бартез. Левандовски објасни дека како дете многу ја следел репрезентацијата на Франција и му се допаѓал неговиот стил.

За дефанзивец го избра Пујол, во средината неговиот поранешен соиграч од Баерн, Бастијан Швајнштајгер и во нападот легендарниот Тиери Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…