Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао ја повика ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе да му се придружи на „Сан Сиро“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неодамна Мбапе за медиумите изјави дека како мал бил навивач на Милан и дека во Италија би играл само за „росонерите“.
Сега Леао на шега му порача на Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен Жермен и да дојде на „Сан Сиро“
„Мбапе треба да дојде во Милан. И така веќе е фан на Милан“, изјави Леао одговарајќи на прашања на социјалните мрежи.
Ова е тешко возможно со оглед на фактот дека Милан нема финансиска моќ да си ја дозволи високата плата на Мбапе.