Дома Фудбал Ла Лига за Димитриевски и друштвото – непобедливи!

Ла Лига за Димитриевски и друштвото – непобедливи!

Рајо Ваљекано оваа сезона се врати во шпанската елита и главната цел на тимот е да го задржи прволигашкиот статус, но со оглед на тоа како игра Рајо на стартот од сезоната нема да биде изненадување ако се вмешаат и за излез во Европа.

Тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски се најде во фокусот на Ла Лига после вчерашната победа на Елче на домашен терен со 2:1.

Во објавата стои „НЕПОБЕДЛИВИ“, а на фотографијата се Димитриевски и неговиот сиграчите.

Се потенцира тоа што Рајо во досегашните натпревари има максимален учинок на домашен терен со четири победи во исто толку натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…