Дома Фудбал Лацио е четвртиот клуб со 100 погодоци во ЛЕ

Лацио е четвртиот клуб со 100 погодоци во ЛЕ

Лацио синоќа на својот Олимпико го совлада Марсеј со резултат 2:1 и така го осигура пласманот во следната фаза на ЛЕ.

Победата на Небесносините ќе се памети и по тоа што овој клуб стигна до јубилејниот 100. гол во Лига Европа, што ретко кој го достигнал ова.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пароло кон крајот на првиот дел го постигна 99., а Кореа нешто подоцна и 100. гол со кој Лацио им се приклучи на Виљареал, Салзбург и Атлетик Билбао кои претходно го постигнаа истото.

Лацио сега се наоѓа на втората позиција во групата Х со десет бодови, три помалку од водечкиот Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поглед кон „Енфилд“ што го разнежни срцето: Дали го видовме „фараонот“ за последен пат во дресот на Ливерпул? Потегот на Салах ги остави навивачите во неверување

Триумфот на Ливерпул над Кристал Палас со 3:1 падна во сенка по моментот што ги расплака н…