Дома Фудбал Италија Официјално: Лаутаро во Интер до 2026!

Официјално: Лаутаро во Интер до 2026!

Aргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со актуелниот италијански шампион.

Иако во последните неколку месеци се шпекулираше за негово заминување од Интер, Лаутаро сепак потпиша нов договор со „нероаѕурите“. Оваа информација ja потврди Интер на социјалните мрежи.

Во новиот договор нема откупна клазула, додека во претходниот фиксната оштета беше 111 милиони евра. Претходно во текот на денот потписот на Лаутаро го најави италијанскиот новинар Фабрцио Романо.

Лаутаро член на Интер е од 2018 година кога пристигна од аргентинскиот Расинг за сума од 23 милиони фунти и се покажа како одлично засилување. Во последните три сезони одигра вкупно 132 натпревари и постигна 49 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта: Против Баерн треба да ја заштитеме честа

Неколку часа пред одлучувачкиот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, претседателот на Барселона Жоа…