Емерик Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.
Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец, кој сега ја признава грешката и сака да се врати во Европа.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Со настапите на Европското првенство покажа дека се уште игра на врвно ниво, па интерес за него покажува Реал Мадрид.
Лапорт не е задоволен од животот во Саудиска Арабија и сака да се врати во Европа, а Реал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе, но само доколку не плати отштета.