Дома Фудбал Лапорта: Одбивме 250 милиони евра за Меси и можност да го доведеме Роналдо

Лапорта: Одбивме 250 милиони евра за Меси и можност да го доведеме Роналдо

Поранешниот претседател и сегашен кандидат и фаворит да победи на изборите за претседател на Барселона, Жоан Лапорта откри интересни детали од неговиот прв мандат во клубот.

Лапорта каталонскиот гигант го водеше од 2003 до 2010 година. Клубот во тој период освои апсолутно се, а на теренот се појави и Лионел Меси. Лапорта откри дека Интер во 2006 година испратил понуда за Меси, но и дека клубот одбил да го доведе Кристиано Роналдо три години претходно.

„Реал Мадрид додека бев јас никогаш не испратил понуда за Меси, но добивме неверојатна понуда од Интер. Таа изнесуваше скоро колку и неговата откупна клазула“, изјави Лампорта за „Ел Ларгуеро“.

Во ноември Лапорта истакна дека таа понуда била 250 милиони евра.

„Одбивме понуда од Интер за Лео. Морати сакаше да го купи за 250 милиони евра“.

Исто така тој откри дека Барселона одбила да го доведе Кристиано Роналдо во 2003 година.

„Требаше да потпишеме со Роналдињо и Рафа Маркез. Агентот на Рафа Меркез ни понуди играч со името Кристиано Роналдо. Во тоа време играше за Спортинг. Ми кажа: Веќе е договорен за 19 милиони евра да премине во Манчестер Јунајтед, вас и го нудам за 17. Одбивме затоа што веќе го доведовме Роналдињо и не се каам поради тоа“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сега и потврдено: Барселона не е далеку од банкрот!

Веќе е јасно дека Барселона е во катастрофална ситуација. Сега имаме и официјална потврда.…