Дома Фудбал Лапорта: Нема да носиме засилувања во јануари

Лапорта: Нема да носиме засилувања во јануари

Претседсателот на Барселона, Жоан Лапорта во интервју за каталонските медиуми ги коментираше сите актуелни теми во клубот.

Лапорта призна дека се уште не се во линија со параметрите за Финансиски фер-плеј и потврди дека нема да има трансфери во јануари.

„Нема да правиме трансфери во јануари, освен ако не се случи нешто неочекувано. Ја завршивме работата во летото и имаме тим кој е способен да се бори за титули. Осман Дембеле не е на продажба исто како и Ансу Фати. Што се однесува до Бернардо Силва ние нема да дадеме 80 милиони евра за него“, истакна Лапорта.

„Морав да ги поставам интересите на Барселона над најдобриот играч во историјата. Немав можност да го задржам и тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега Меси е дел од ПСЖ и не би сакал да зборувам за него, фокусиран сум на Барселона“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…