Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има големи планови и во иднина ќе ја оживее „војната“ со Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лапорта по 11 години се врати на кормилото на каталонскиот гигант со кој имаше големи успеси во минатото.
Прва желба на претседателот е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и сака да ги искористи добрите односи со менаџерот Мино Раиола за да го донесе на „Камп Ноу“.
„АС“ пишува дека Лапорта ќе тргне и по потписот на Давид Алаба, кој на лето ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент.
Интересно е што овие двајца фудбалери се главна трансфер цел на Реал Мадрид, па не очекува голема „битка“ на трансфер пазарот.